Над сто луѓе од БиХ поврзани со истрагата за апликациите „Скај” и „Аном” осомничени и уапсени

Полиција на Босна и Херцеговина / Фото: Профимедиа

Обвинителството на Босна и Херцеговина денеска потврди дека повеќе од сто осомничени од 14 различни агенции – полицајци, адвокати, па дури и судија и обвинител – се предмет на истрага во врска со апликациите „Скај” и „Аном”.

„Досега има повеќе од сто осомничени лишени од слобода или приведувани изминатите 16 месеци, од кои 14 се од различни полициски и агенции за спроведување на законот (ДКПТ, МВР на РС, Гранична полиција, МВР, ОСА) двајца адвокати, судија од Судот на правдата во Бјелина, поранешен советник во Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина”, соопшти Обвинителството на БиХ.

Обвинителството потсети дека токму поради односните случаи Дисциплинскиот обвинител ја суспендираше обвинителката Дијана Кајмаковиќ.

Поднесени се две обвиненија (Далибор Раилиќ и др., Ратковиќ Саша и др.), а се очекува во наредните месеци да бидат покренати обвиненија за неколку случаи”, заклучуваат од Обвинителството на БиХ.

Последната информација што се појави во јавноста е дека е сменета шефицата на контактното место за ЕВРОПОЛ за Босна и Херцеговина, Споменка Маркуљ, а нејзината замена е поврзана со случаите „Скај”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот