Над 95 илјади граѓани се откажале од државјанството на БиХ

Знаме на Босна и Херцеговина и Европската унија
Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Повеќе од 95 000 граѓани на Босна и Херцеговина се откажале од босанските пасоши и побарале испис од државјанство на БиХ, соопшти Министерството за цивилни работи на БиХ, пренесе Бета.

Во моментов, потврдата за испис од државјанство во БиХ чини 800 конвертибилни марки (410 евра), а претходно таа сума беше двојно поголема.

„Од заминувањето на своите 95 000 граѓани, Босна и Херцеговина заработи 76 милиони марки (околу 39 милиони евра)“, објави сараевскиот „Аваз“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот