Над 700 мигранти од Лезбос префрлени во континенталниот дел на Грција

Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Над 700 мигранти од грчкиот остров Лезбос, привремено се преместени по пожарот кој го уништи кампот „Морија“ на почетокот од септември, почнувајќи од денес ќе се преместуваат во континенталниот дел на Грција, соопшти грчкото Министерство за миграции и Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

Грчкото министерство и ИОМ, задолжени за префрлувањето, наведуваат дека на 704 баратели на азил кои ќе заминат од Лезбос, синоќа им се укинати географските ограничувања или врз основа на припадност на раниливи групи или затоа што добиле азил.

Втората група од 700 лица би требало да биде префрлена во четврток, за да се растовари островот на кој моментално се наоѓаат над 14.000 баратели на азил.

Министерството за миграции наведе дека има намера да префрли 2.500 бегалци во наредните денови, пренесува Хина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот