Над 60 деца во Гамбија починале од индиски сируп за кашлица

Африка деца/ Фото EPA-EFE/NYUNT WIN

Смртта на десетици деца од Гамбија од акутни повреди на бубрезите можно е да е поврзана со контаминирани сирупи за кашлица и настинки од индиски производител на лекови, генералниот директор на Светска здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој додаде дека биле тестирани четири медицински сирупи на „Мејдн фармацеутикалс” (Maiden Pharmaceuticals), за кои постои сомневање дека предизвикале смрт на 66 деца во Гамбија. Лабораториските анализи потврдиле „неприфатливи” количини на диетилен гликол и етилен гликол, кои можат да бидат токсични и да доведат до акутно оштетување на бубрезите.

Индиската компанија сè уште е недостапна за коментар, како и индиското Министерство за здравство.

СЗО побара спорните медицински производи да бидат отстранети од пазарот.

Производите можеби се дистрибуирани на други места преку неформални пазари, но досега тие се идентификувани само во Гамбија, се наведува во предупредувањето на СЗО.

Предупредувањето се однесува на четири производи – „Прометазин орал солушн” (Promethazine Oral Solution), „Кофексмалин бејби коу сируп” (Kofexmalin Baby Cough Syrup), „Макоф бејби коу” (Makoff Baby Cough) и „Магрип Н колд сипруп” (Magrip N Cold Syrup).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот