Над 24 часа трае потрагата по младата Данка

Српска полиција/ Фото: МИА

Во Србија се уште е безуспешна потрагата по двегодишно девојче од Бањско поле крај Бор, Данка Илиќ, која вчера попладне изчезна крај својот дом, а денеска потрагата се прошири и преку контрола на патните правци од Бор кон Зајечар и други населени места.

-Данка Илиќ, стара две години исчезна во 13 часот и 45 минути во населбата Бањско поле во град Бор. Девојчето исчезна на непристапен терен, обраснат со густа шума. Таа има кафена коса, кафени очи, висока е околу 85 сантиметри, во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони, маслинесто зелена јакна, црни патики и косата и е врзана во опавче. Доколку имате информации јавете се во полиција на 192, добија за прв пат СМС порака граѓаните на Србија преку системот „Пронајди ме“ и со прекинување на ТВ и радио програмите, прикажување на екраните на автопатите, аеродромите, железничките и автобуските станици.

Се прегледавме. Шумата ја пребаравме 15 пати. Само постои можност некој од страна да не дошол и го собрал детето. Од тоа најмногу се плашам, изјави комшија на фамилијата Илиќ, изразувајќи сомнеж дека детето е киднапирано.

Според медимите, двегодишното девојче е исчезнато на работ од приградската населаба Бањско поле, каде има густа шума. Полицијата почнала со претрага 15 минути по пријавувањето на исчезнувањето, а потоа, за еден час пристигнале 200 полицајци кои извршиле безуспешна претрага во шумата и околу домот на девојчето. Претпоставка е дека двегодишно дете неможе далеку да отиде од својот дом.

Сомнежите дека девојчето е киднапирано за откуп се отфрлени од полицијата, оти нејзините родители не се добро ситуирани.

-Комшијата кажа дека таа била сама пред мојата врата, но јас не ја видов. Вакво нешто досега не се случило. Ова е многу жално. Навистина велам, не дај Боже на некој вакво нешто да му се случи. Душата ме боли и ми доаѓа да умрам, изјави жителка на Бањско поле.

Потрагата по двегодишното девојче трае над 24 часа, а се проверуваат домаќинства и викендици, патиштата, полињата, густата шума. На терен е полицијата, пожарникари-спасувачи, Жандармеријата со кучиња трагачи, рударите од градот и бројни граѓани. Во потрагата по девојчето во која се вклучени околу 2.000 луѓе се користат и дронови со термо камери и хеликоптери. Се врши и строга контрола на сите возила на патните правци околу Бор.

Во Србија за прв пат е лансиран системот Пронајди ме! кој е наменета за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице, со што ќе се овозможи брза дистрибуција на информации до сите граѓани преку субјектите надлежни за информирање на јавноста, кога полицијата ќе оцени дека објавувањето на оваа информација во јавноста би придонела за пронаоѓање на детето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот