На српско – црногорската граница запленети половина милион евра

Уапсениот Турчин, пријавил дека има само 8.000 евра.

Српските цариници денеска на граничниот премин Шпиљани кон Црна Гора, заплениле 552.805 евра, соопшти денеска Царинската Управа на Србија.

Според нивното соопштение, прекршокот е откриен на влрз во Република Србија од правец на Црна Гора во автомобил со кој управувал турски државјанин, а кој на цариниците им пријавил дека кај себе носи само 8.000 евра.

Набрзо потоа, е откриено дека речиси сите шуплини на автомобилот се исполнети со пари, стои во соопштението.

Утврдено е дека станува збор за сума од дури 562.805 евра главно во помали апоени од 50, 20 и 10 евра.

Сите банкноти уредно биле наредени и запакувани во големи коверти кои потоа се редени под тапицирот на подот, страниците од возилото, резервното тркало како и под седиштата.

Против турскиот државјанин кој се бранел со молчење поднесена е соодветна кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот