На паркинг во Лас Вегас се нацртани квадрати на бетонот за бездомниците да држат растојание (ВИДЕО)

Карантинот заради коронавирусот, кој е воведен во повеќето американски сојузни држави, стана проблем за бездомниците кои на запад во САД ги има повеќе од 50.000.

Во Лас Вегас (Невада) заради еден случај на зараза на вирусот е затворен дом за бездомници кој имал околу 500 кревети па градските власти отвориле прифатилиште за луѓе без дом – на паркинг.

Неверојатни фотографии од бетон на кој се исцртани квадрати кои служат за социјално дистанцирање предизвикаа бес на социјалните мрежи.

Градските функционери се оправдале дека на располагање се и експерти, но дека се уште ги нема доволно. Сепак, и ваков престој за некои значи многу.

„Ќе се расплакам од среќа. Тука се чувствувам убаво и сигурно, вака не е на улиците“, рекла бездомничката Денис Ланкфорд.

Таа и останатите бездомници нема да бидат предолго на паркингот бидејќи наскоро се очекува отворање на едно црковно прифатилиште, но дотогаш ќе мораат да спијат на бетон.

Лас Вегас, заради коронавирусот досега ги затвори сите 113 хотели во кои има околу 150.000 соби, па некои корисници на социјалните мрежи го критикуваа градот што бездомниците ниту бар на неколку дена не ги сместиле во некој од хотелите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот