На Кипар целосно вакцинирано 78,9 отсто од полнолетното население

Фото: EPA-EFE/KATIA CHRISTODOULOU / POOL

Речиси осум од десет полнолетни Кипрани, односно 78,9 отсто се целосно вакцинирани, а 81,4 проценти од полнолетното население примиле најмалку една доза од вакцината, заклучно со саботата, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците од Министерството за здравство на Кипар, кои ги пренесуваат кипарските медиуми, највисок е процентот на имунизациска покриеност во регионот Пафос, каде што најмалку една доза примиле 92,4 отсто од граѓаните.

Во однос на старосните групи, процентот на вакцинација највисок е кај лицата над 80 години – 99,8 отсто примиле прва доза, а потоа следи групата од 70 до 79 години со 98,4 проценти вакцинација со една доза.

Кај децата од 12 до 15 години, 27,3 отсто примиле најмалку една доза, а исто така со една доза се вакцинирани 41,6 проценти од оние на возраст од 16 и 17 години.

Трета доза од вакцината, примиле 20.892 граѓани.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот