На граничниот премин Делчево нормализиран протокот за излез од Македонија

Фото: МИА

По утринскиот метеж кога се чекаше и до два часа, на граничен премин Делчево за излез од Република Северна Македонија кон Република Бугарија во моментот состојбата е нормализирана и чекањето е сведено на минимум.

Од дежурните служби при граничен премин Делчево потврдија дека утрово имало поголем метеж на возила кои ја напуштаат државата и заминуваат на продолжен викенд во некој од скијачките центри во соседството.

– Во моментот ококу 15:00 часот состојбата е нормализирана Нема поголеми задржувања, барем не како што беше утрово – вели Аце Атанасовски од Регионалниот центат за гранични работи работи Исток со седиште во Делчево.

Возачите кои утрово чекаа велат дека се повторува состојбата од минатата недела кога, исто така, за влез во соседната дежава се чекаше околу два часа.

Како најголема причина за ваквите застои патниците ги посочуваат честите паѓања на системот од бугарска страна на граничниот премин Станке Лисичково, што се одразува да се чека и на македонскиот граничен премин.

Од минатата година започна реконструкцијата на граничниот премин Станке Лисичково каде конечно се очекува да се реши проблемот со долгите колони кои чекаат за време на празниц

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот