На Буфон тешко му падна елиминацијата: Секој пат мислиме дека ова е таа сезона

EPA-EFE/YOAN VALAT

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буон е разочаран по елимијацијата на неговиот тим од Лигата на шампиони и ќе продолжи да го сонува трофејот кој му недостасува во своите витрини.

Еден од најдобрите голмани на сите времиња, Џанлуиџи Буфон е разочаран по пировата победа на неговиот Јувентус над Олимпик Лион во Лигата на шампионите зашто остана без можност да го нападне трофејот кој му недостасува во богата кариера. На Јувентус му беше потребна победа со два гола разлика, но на крајот славеше само со 2:1.

– Се подготвивме за овој натпревар, се подготвувавме да не му овозможиме на Лион предност на теренот која би донела до голови. Но, по само 12. минути тоа падна во вода и подоцна ништо не ни помогна. Се обидувавме да останеме смирени, организирани, да создаваме шанси… Кога дојдовме до 2:1 почнавме повторно да веруваме во пласман во четвртфиналето, но не е лесно да се дадат три гола. Разочарани сме. Како и секој пат, влегуваме во ЛШ и сонуваме дека ќе стигнеме до крајот, а секоја година изгледа дека е таа вистиската – вели Буфон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот