На бегалецот Грујовски ќе му се суди во отсуство

Падна одлука, на бегалецот Горан Грујовски ќе му се суди во отсуство.

– Небулоза е дека не може на Горан Грујовски да му се суди во отсуство. Судот треба да направи дистинкција поради негово бегство бидејќи во таа постапка се бараше тој да биде задржан во притвор, а потоа да биде екстрадиран во земјава каде што треба да му се суди во низа процеси. Тоа што му е укинат притворот значи само едно нешто и ништо повеќе, дека не може да е екстрадиран. Тој во Грција е слободен и ако сака, кога сака може да се врати во земјава. Затоа бараме да му се суди во отсуство – рече обвинителот Трајче Пеливанов од СЈО на денешното рочиште на „Тврдина 2″.

Според адвокатот на обвинетиот Петар Василевски, барањето на СЈО е правно неиздржано, бидејќи македонските власти не можат да му судат на Грујовски за дела за кој веќе грчките власти дале негативно мислење по барањето за екстрадиција.

Во „Тврдина 2“ првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, и шест вработени во УБК. На дел од рочиштето јавноста беше исклучена додека се читеше обвинението со образложение дека во актот има класифицирани податоци.

На обвинетите во случајот „Тврдина 2“ им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување. Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот