Плажа во Саранда, Албаниа/ фото: Драган Митрески

На Албанија летово ѝ фалат 100.000 работници во туризмот

Поради одливот на квалификуван кадар, главно во Германија и Грција, Албанија страда од голем недостиг на работна сила во туризмот, пишува „Топ чанел“.

-Албанскиот туризам има потреба од сто илјади работници. До сега имаме резервации на 80 отсто од капацитетите, но голема главоболка ни претставува обезбедувањето на квалификуван но и друг персонал, изјави Рахман Каса, претседател на Албанскиот туристички сојуз.

Според него, на неполни два месеца од почетокот на летната туристичка сезона, кога се очекува да пристигнат првите чартери со туристи, туроператорите се максимално ангажирани во обезбедувањето кадар кој ќе дава квалитетна услуга.

-Квалификуваните луѓе избегаа во Германија и Грција, бидејќи таму бараат келнери со плата од 1.000 евра плус сместување и храна обезбедена од сопствениците. Ние почнуваме со ангажирање на странци, главно од азиските земји. Ако сме ги достигнале стандардите во однос на сместувањето, тие мора да се оправдаат, ги зголемивме и цените, но ако не ги вратиме со квалитетна услуга, ќе имаме лоша ривиера, изјави Рахман.

На средба на туроператорите се разговарало за создавање капацитети и субвенционирање на субјектите кои работат само 6 месеци, а во текот на зимата се принудени да ја затворат дејноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот