МЗТ Скопје во серија, падна и Блокотехна

фото: МЗТ Скопје

МЗТ Скопје одличната форма ја потврди и во дерби пресметката со Блокотехна, победувајќи со 90:75. Ова беше 10. триумф во серија со кој останаа на првото место на табелата во Суперлигата и за задржаа предноста пред Работнички од две победи.

„Металците“ беа подобар тим во сите аспекти од играта, доминираа во скокот (28:42) и имаа подобар процент на шут од игра (43% – 56%). Таквата доминација вроди со плод во второто полувреме, за прв пат дојдоа до двоцифрена предност (58:69), за во последната четвртина со серијата од 14:2 да ја заверат победата над тимот на Блокотехна.

Џејмс Вудард со 22 поени и 12 скокови беше прво име кај МЗТ Скопје, а одлична партија прикажаа уште и Иве Иванов со 17 поени и Предраг Самарџиски со 16 постигнати поени.
Во редовите на Блокотехна се истакна Кенет Фунденбурд со 23 постигнати поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот