МЗТ Скопје триумфално ја заврши годината

фото: https://druga.aba-liga.com/Petr Stojanovski

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром на најдобар можен начин ја завршија натгпреварувачката 2019 година, со триумф пред своите гледачи. „Металците“ во рамките на 13. коло од АБА2 лигата со 73:64 го совладаа босанскиот претставник Спарс.

До седмата победа во низа со која го задржаа второто место на табелата (10-3) кошаркарите на МЗТ Скопје дојдоа потешко од очекувањата иако играат против последнопласираниот тим во лигата.

Гостинските кошаркари одлично го започнаа натпреварот и првата четвртина ја решија во својата корист со 23:14, иако до последната минута од првиот дел имаат и плус 13 (23:10). Одговорот на МЗТ Скопје беше фантастичен, со серија од дури 21:2 ја презедоа контролата врз резултатот и предноста ја одржуваа до последниот свиреж.

Дамјан Стојановски со 17 поени беше најпрецизен кај МЗТ Скопје, додека Марин Морнар постигна 16 поени и 6 скока, а Ѓорѓе Милошевиќ даде 16 поени и 8 скока

За кошаркарите на МЗТ Скопје нема да има преголем одмор бидејќи следниот натпревар го имаат веќе на 2 јануари идната година кога и гостуваат на Рогашка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот