МЗТ Скопје и Работнички добија нов ривал во АБА2 лигата

фото: Novi Pazar/Senad Zupljanin

Борац од Бања Лука ќе биде новиот учесник во АБА 2 лигата во сезоната 2020/2021. Екипата која потекнува од Република Српска, а настапува во Премиер лигата на БиХ, ја доби т.н. „вајлд карта“ која ја доделува раководството на АБА лигата.

Тимот од Бања Лука доаѓа на местото на екипата на Слобода од Тузла, која поради финансиски причини (не ја плати котизацијата за добивање на специјалната покана) се откажа од натпреварувањето во кое во следната сезона Македонија ќе има два свои претставници, МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.

Освен нашите претставници, во АБА 2 конкуренцијата ќе се натпреваруваат уште Горица, Хелиос Домжале (Словенија), Ловќен, Подгорица, Студентски центар, Сутјеска (Црна Гора), Младост-Земун, Слобода-Ужице, Златибор (Србија), Широки, Спарс и Борац-Бања Лука (БиХ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот