МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер почнуваат со подготовки за „балонот“ во Широки

фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Уште едно коло од Првата македонска кошаркарска лига ќе биде поделено на неколку термини. Причините, добро познати, учеството на три наши прволигашки екипи во АБА 2 лигата кои во текот на наредната седмица треба да „одработат“ уште две кола во регионалното натпреварување.

Од 18.00 часот, во Битола, екипата на Пелистер ќе го нагости составот на Гостивар, во обид да ја продолжи победничката серија, и што поспремни ги дочекаат дуелите на турнирот во Широки.

Еден час подоцна, во Скопје, поточно во Аеродром, бранителот на титулата, екипата на МЗТ Скопје е домаќин на гевгелиски Кожув.

Еден натпревар ќе се игра во четвртк, и тоа во салата на СРЦ „Кале“. А ќе се сретнат екипите кои го делат теренот во „храмот на кошарката“. Овојпат екипата на ТФТ Моцарт е во улога на домаќин на Работнички, во натпреварот кој стартува од 18.00 часот.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 12.КОЛО

13 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА)

18.00: Пелистер – Гостивар
19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Кожув

14 ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК)

18.00: ТФТ Моцарт – Работнички

16 ДЕКЕМВРИ (САБОТА)

18.00: Охрид – Вардар

17 ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА)

18.00: Еуро Никел 2005 – Навико Академија ФМП
20.00: Феникс 2010 – Чаир 2030

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 21 бод, Еуро Никел 2005 19, Пелистер 19, Работнички 18, Чаир 2030 18, ТФТ Моцарт 18, Феникс 2010 17, Гостивар 15, Кожув 14, Вардар 14, Навико Академија ФМП 13, Охрид 12.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот