МВР сѐ уште трага по момчето кое насилно шутираше мирно куче, му се заканува и затворска казна

Завчера на социјалните медиуми вирално се шеруваше видео на кое момчиња се снимаат на игралиште во Куманово. Момчето во фокус насилно шутира мирно куче кое е присутно на теренот, а снимателот дофрлува иронични коментари и продолжува да снима како ништо погрешно да не се случило. 

„Слободен печат“ завчера го објави видеото на еден од нашите инстаграм-профили и за помалку од 8 часа од објавувањето, насилното однесување на момчето предизвика лавина од негативни коментари, во кои се бара најстрога казна за делото. Сепак, поради присуство на вознемирувачка содржина, самата социјална мрежа ја избриша објавата.

Од МВР за „Слободен печат“ потврдија дека досега вкупно 3 електронски пријави пристигнале до нив, додавајќи дека сѐ уште трагаат по сторителите од видеото. Оттаму велат дека и денес се преземаат сите соодветни мерки за да се идентификуваат несовесните лица. Сепак, во моментов не можат да кажат што понатака ќе се случи со напаѓачот, бидејќи се уште се прибираат докази, за потоа да бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Напаѓачот и снимателот првично ги објавија видеата на своите фејсбук-профили, но набрзо ги избришаа. Граѓани од Куманово веќе ги идентификуваа лицата и ги тагираа со име и презиме под нашите објави.

Според Кривичниот законик, на сторителот му се заканува парична или затворска казна:

Мачење животни, Член 233: „Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни
маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува
на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот