МВР приведе две лица по пукањето во коешто беше повреден синот на поранешниот реис на ИВЗ

По пукањето кое попладнево се случи на кружен тек во населбата Ѓорче Петров при што беше повреден полицаец, од полицијата информираа дека приведени се две лица.

Според МВР, нападот се случил околу 16.40 часот на кружниот тек во близина на црквата Свети Петар и Павле, при што лице од возило „Голф“, пукало кон возило „мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник и инспектор З.Р. Неофицијално, ранетиот е син на поранешниот реис на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи.

Од полицијата велат дека инспекторот се здобил со повреди во ногата, по што бил префрлен во Градската општа болница „8-ми септември“ за укажување на лекарска помош.

ВИДЕО | Слободен печат дознава: Синот на поранешниот поглавар на ИВЗ е повреден во престрелка во Ѓорче Петров

ФОТО: Синот на Реџепи итно хоспитализиран во Воена болница, крвави траги и скршени стакла на луксузниот автомобил

Тепачка и пукање на Матка (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот