МВР одржа состанок со МЗТ Скопје Аеродром и Работнички пред саботното „вечно дерби“

фото: KK MZT Skopje Aerodrom

Во салата „Јане Сандански“ денешните утрински часови беше одржан состанок на припадници на МВР со комесарите за безбедност на КК МЗТ Скопје Аеродром и на КК Работнички Скопје.

На овој состанок од полицијата беа дадени насоки во делот на организацијата на саботното „вечно дерби“, прво од полуфиналната плеј-оф серија, со цел тоа да мине во фер и спортска атмосфера, без никакви инциденти.

Од МВР, меѓу другото, побараа симпатизерите и фановите на гостинската екипа да бидат групирани околу нивната навивачка група, поради што наложија сите што ќе сакаат да го бодрат КК Работнички Скопје на оваа пресметка во Аеродром да мора да купуваат билети исклучиво за блоковите 3 и 4.

Влезниците за саботниот спектал се веќе во продажба со цена од по 100 денари за сите блокови, а може да се купат преку www.karti.com.mk и www.mktickets.mk, како и преку продажните места на „МК Тикетс“ ширум државата.

На денот на натпреварот тие ќе се продаваат и на билетарницата пред СЦ „Јане Сандански“ и тоа од 12.00 часот па сѐ до почетокот на мечот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот