Можен ли е договор за нуклеарната централа Запорожје до крајот на годинава?

Нуклеарна централа Запорожје
Нуклеарна централа Запорожје / Фото: EPA-EFE/SERGEI SUPINSKY epa Historical Collection digitized in 2012 as part of the EURO-Photo project

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) се надева дека ќе постигне договор со Русија и Украина за создавање на безбедносна зона околу нуклеарната централа Запорожје до крајот на годината.

Мојата заложба е што поскоро да се постигне решение. Се надевам до крајот на годината, изјави генералниот директор на МААЕ Рафаел Гроси за италијанскиот весник „Република”.

Гроси не ја исклучи можноста да оствари средби со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски.

Нашата цел е да избегнеме нуклеарна катастрофа, а не да создадеме воена ситуација од која ќе има корист едната или другата страна, додаде генералниот директор на МААЕ.

Најголемата нуклеарна централа во Европа произведуваше околу една петина од електричната енергија во Украина пред руската инвазија, а по почетокот на војната беше окупирана од Русија и неколкупати беше принудена да работи на резервни генератори.

Бројните гранатирања во областа ги зголемија стравувањата за потенцијален голем инцидент на само 500 километри од Чернобил – местото на најтешката нуклеарна несреќа во историјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот