Мото ГП: Бањаја во неверојатен фото-финиш дојде до победа и испиша историја

Франческо Бањаја е многу блиску до титулата во Мото ГП/Фото: EPA-EFE/DANILO DI GIOVANNI

Возачот на Дукати, Франчеко Бањаја триумфира на трката за Големата награда на Сан Марино и Римини во Мото ГП шампионатот откако во неверојатен фото-финиш го победи Енеа Бастијанини од Гресини.

Бањаја со триумфот на патеката „Марко Симончели“ ја запиша четвртата победа по ред и стана првиот возач на Дукати со вакво остварување. До денешната трка, Бањаја беше израмнет со Кејси Стонер, единствениот возач кој со Дукати стана шампион.

Бањаја славеше на трката со само 34 илјадити делови од секунди пред идниот клупски колега, Енеа Бастијанини. Последното место на победничкиот подиум му припадна на Маверик Вињалес од Априлија кој задоцни 4 секунди зад Бањаја.

Бањаја за прв пат изби на лидерската позиција во третиот круг, а веднаш зад него беше Вињалес. На осум круга до крајот, Бастијанини го помина Вињалес и тргна по првата позиција на Бањаја. Бастијанини единствениот напад го изведе на последниот свиок, но остана покус за само 34 илјадити делови од секундата.

Четвртото место му припадна на Лука Марини, а по него до десеттото место се пласираа Фабио Квартараро, Алеш Еспаргаро, Алекс Ринс, Бред Биндер, Хорхе Мартин и Алекс Маркес.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот