Москва распиша потерница по шефот на украинското разузнавање

Кирило Буданов / Фото EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Руските власти денеска го додадоа името на шефот на Украинската воена разузнавачка служба (ГУР) Кирило Буданов на листата на барани лица. Москва смета дека ГУР е одговорен за неколку напади врз Русија.

Името на Кирило Буданов (37) сега се наоѓа во базата на податоци на руското Министерство за внатрешни работи, во списокот на лица кои се бараат за прекршување на кривичниот закон.

Буданов, од 2020 година е началник на воено-разузнавачкиот оддел во Министерството за одбрана на Украина.

Руските власти го обвинуваат за организирање напад во октомври 2022 година, кога делумно е уништен мостот што го поврзува Крим.

Кон крајот на ноември, Украина објави дека се сомнева во Русија за труење со тешки метали на сопругата на Кирило Буданов, Маријана Буданова, која е и советничка на градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот