МОРНИЧАВА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО КОНГО: Најмалку 30 мртви, претседателот го одложил патувањето за Јапонија (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Најмалку 30 лица загинаа, а 16 се повредени во автобуската несреќа во југозападен Конго.

Во соопштението на владата на Конго се наведува дека локалните власти покренале истрага во врска со несреќата која се случила во неделата.

Заради оваа несреќа претседателот на Конго Феликс Чисекеди ја откажал посетата на Јапонија, пренесуваат медиумите.

Радио станицата „Окапи“ повикувајќи се на локалните власти, јавила дека е можно кочниците на автобусот да откажале.

Повредените лица ќе бидат префрлени во Киншаса на понатамошно лекување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот