Монтана забрани користење на Тик Ток, законот стапува во сила од следна година

ТикТок апликација / Фото: Claudia Nass / Alamy / Alamy / Profimedia

Монтана е првата американска сојузна држава која со закон ја забрани социјалната мрежа „Тик Ток“ на мобилните уреди.

За законот гласаа 43 од 54 советници, а истиот беше потпишан од гувернерот на Монтана, Грег Џанфорте. Законот ќе стапи во сила од јануари следната година. Неговото прекршување ќе се казнува со парична казна до 10.000 евра.

Законот наведува голем број контроверзии околу социјалната мрежа, вклучувајќи го и наводното следење на корисниците од страна на кинеските власти. Тик Ток која е во сопственост на кинеската компанија Byte Dance, е означена како закана за националната безбедност поради собирањето на кориснички податоци на таа социјална мрежа.

Исто така, се наведува дека оваа социјална мрежа ги поттикнува младите корисници да се вклучат во опасни активности преку различни предизвици, кои потсетуваат на фрлање предмети кон автомобилите во движење, вперување на светлото кон огледало додека не се запали, а потоа го гасне исклучиво со сопственото тело.

Кинеската компанија најави дека ќе преземе правни мерки за борба против забраната.

Владите ширум светот, вклучително и САД, ја забранија употребата на апликацијата на официјални уреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот