Момците од „Фидбек“ откриваат: Од овие песни ни е преку глава кога ги свириме…

Фото: Промо

Музичката група „Фидбек“ се веќе неколку години активни на македонската музичка естрада. Важат за „мајстори“ за добрата забава, па токму за тоа се едни од најбараните.

Тие досега не беа премногу активни на македонската музичка сцена, но со новата песна која ја објавија пред неколку дена, момците најавија дека во иднина и тоа како имаат намера да ги променат работите…

„Слободен печат“ направи интервју со момците од бендот со цел да дознаеме за нивните проекти, соработки, но и да ни раскажат по некоја анегдеота од  многубројните настапи…


После подолго време „Feedback“ се реши да промовира авторска песна и тоа во време на светска пандемија на коронавирусот. Зошто чекавате толку долго време и зошто баш сега се одлучивте за „Далеку од тебе“?

– Како што велат времето брзо лета, така и кај нас многу брзо лента времето додека траеше размислувањето за нашата нова песна, за тоа во кој правец да биде, со кого да биде соработката, која да биде темата и слично. Песната беше готова уште пред да започне пандемијата и се чекаше моментот за нејзино објавување, но кога се случи тоа што се случи и во нашата држава, се двоумевме дали е погоден моментот да ја објавиме. Сепак се одлучивме да ги почестиме нашите фанови и пријатели со нејзино објавување се со цел да помогнеме во полесно поминување на периодот во карантин макар со една песна, но како што велат музиката е лек на душата така да веруваме дека барем делумно го постигнавме тоа.

Тимот со кој го одбравте да работите се Лазар и Магдалена Цветковски. Зошто баш они?

– Во последните години Лазар и Магдалена се покажаа како одличен тандем кој направи многу хитови и тоа токму во стилот што нас не привлекуваше, затоа се одлучивме да ги исконтактираме и наредната соработка да биде со нив. Демоата од песните кои ни ги пратија како одговор беа пресудни да се одлучиме за соработка со нив.

Зошто се одлучивте за поп-музика, наместо фолк?

– Фидбек уште од почетокот на постоење повеќе го преферира тој стил на музика, така да таа одлука и реално не беше многу тешка, едноставно повеќе ни се допаѓа тој стил и сметаме дека е повеќе прифатен од општата публика.

Колку што сме запознаети, имате уште една готова песна. Кога планирате да ја објавите таа?

– Пандемијата малку ги одложи плановите како кај сите така и кај нас, се надеваме дека брзо и лесно ќе ја надминеме и дека до крајот на годинава ќе успееме да ја објавиме и наредна авторска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Фидбек Бенд ( FEEDBACK BAND) (@feedback_band_skopje) on

Важите за едни од најбараните кога станува збор за свадбените прослави и приватни забави. Што пеете најчесто, што е тоа што публиката го бара од вас?

– Се разбира дека не изоставен дел од нашите свадби и прослави е македонската народна музика, како и сите актуелни и постари македонски и балкански хитови. Сепак доста барани и изведувани се и делата на странските изведувачи како Џипси Кингс, Ерос Рамазоти, Бруно Марс и многу други…

Верувам дека има многу анегдоти од вашите настапи, но што е она што ќе го паметите долго? 

– Секако дека секојдневно се случуваат многу анегдоти, така и на свадбите ги има многу. Нас лично кога станува збор за анегдоти на свадби најитересен ни е делот кај бидермаерот. Тогаш знаат да се случат многу интересни работи, имало многу ситуации кај што некои од гостите паднале додека скокале по букетот, некои од невестите во цела еуфорија не можат да го пронајдат бидермаерот. Сепак една од поинтересните нам ни беше кога бидермаерот на една свадба летна високо и се заглави во раскошниот лустер на еден ресторан. Штетата на лустерот не беше голема, но мораше да се бара нов букет кој ќе биде фрлен како бидермаер.

Има ли песна која ви е дојдена преку глава да ја свирите и пеете?

– Како што би рекле ние, музичарски, многу од песните ни се веќе пресвирени, бидејќи се изведуваат скоро на секоја прослава со години наназад. Би била долга листата за такви песни, но веќе ако мораме тоа се: „Стани моме“, „Доста време ерген одев“ и така натаму со цела почит кон луѓето кои ги создале и изведувачите.

 

View this post on Instagram

 

#feedbackband #whitebackground #band #photoshoot #photographer #music #lovelife #loveyourself #positivevibes #donaldduck

A post shared by Фидбек Бенд ( FEEDBACK BAND) (@feedback_band_skopje) on

Генерално како ви се допаѓа македонската поп-музика?

– Во последниот период почнува да се чуствува, некое освежување со нови песни и изведувачи, но сепак уште е на почетните скалила од тоа што ние ја замислуваме и би скале да биде.

Од кого најчесто ви бараат песни на свадбите и забавите?

– Кога станува збор за барања и песни околу свадбите, во прв план доаѓаат песните за прв свадбен танц, а тоа се песни од типот на Ед Ширан, Елтон Џон, Петар Грашо, Жељко Јоксимовиќ, Владо Јаневски и други…

 

View this post on Instagram

 

#feedback #band #macedonia #live #performance

A post shared by Фидбек Бенд ( FEEDBACK BAND) (@feedback_band_skopje) on

Според вас што треба да се промени за да се врати сјајот на македонската поп-сцена?

Би било пожелно да македонските медиуми малку по активно се вклучат во промоција и емитување на македонкса музика, и креирање на нови музички шоуа. Тоа би било голем мотив како за актуелниве композитори и изведувачи така и за оние кои што допрва почнуваат да се занимаваат со музика и се трудат да се пробијат во тој свет.

 Кои се вашите идни планови, нели рековме имате уште една нова песна во фиока, меѓутоа има ли „Feedback“ агенда за подолг период?

– Како што споменавме и предходно песната која е спремна се надеваме да биде објаена до крај на годинава, во меѓувреме ќе го објавиме и проектот со преработка на македосни народни песни со кои се трудиме постарите песни да ги доближиме до помладите слушачи и да не дозволиме нивно заборавање. Се надеваме дека нашите нови песни ќе бидат добро прифатени од публиката што ќе ни даде мотив за понатамошто пообемно промовирање на наша авторска музика.

 Има ли шанса да ве видиме на фестивали?

– Реално како што ја гледаме ситуацијава нашите фестивали неколку години наназад не се прикажуваат баш во некое нај добро светло, слабо се испромовирани и се помалку и помалку изведувачи се трудат да се докажуваат на нив. Така да сега за сега не размислуваме за појавување на некој од нив, се надеваме дека во блиска иднина ќе се промени и тоа.

 И за крај, порака до сите оние што се дома и во изолација поради коронавирусот?

– Во секоја случка и работа во животот треба да се бара нешто добро, нешто позитивно, сепак тоа е силата која не движи низ животот. Така и на ова гледајте како нешто позитивно, гледајте како една долго барана пауза на секојдневниот брз живот, гледајте како надополнување на периодот кој сте го изгубиле и не сте го посветиле на своите најблиски поради пренатрупаните дневни обрски. Останете, дома бидете сплотени, заштитете се себе за да ги заштитите другите и секако слушајте македонска музика бидејки музиката е лек за душата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот