Момче се удави во Радика

Помлад жител на долнореканското село Ростуше го загуби животот со давење во водите на Радика. Телото било извадено во близина на селото Јанче.

Помлад жител на долнореканското село Ростуше го загуби животот со давење во водите на Радика. Телото било извадено во близина на селото Јанче.

Според СВР Тетово, вчера во попладневните часови во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека по течението на реката Радика, на место викано „Влог”, општина Маврово и Ростуше, било пронајдено телото на Б.А.(22) од село Ростуше.

По пријавата била повикана екипа на Противпожарната единица-Дебар го извадила телото од реката, а лекар констатирал смрт.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар и Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот