Квалификации ЕП: Надежите ги „торпедираа“ Фарските острови! (ВИДЕО)

facebook.com/FudbalskaReprezentacija/

Денеска на својот прв натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2021 за играчи до 21 година, македонската млада репрезентација на ФФМ Тренинг центарот во Скопје убедливо триумфираше со резултат 7:1 над Фарски Острови.

Најпрвин изненадувачки поведоа гостите од пенал кој го реализираше Андреасен во 19 минута од средбата. Но, брзо се вратија нашите фудбалери кои на овој меч од клупата ги водеше Роберт Стојановски, бидејќи нивниот главен селектор Благоја Милевски поради црвен картон од претходниот квалификациски циклус го следеше дуелот од трибините.

Најпрвин во 26 минута израмни Митровски после додавањето на Чурлинов, а асистентот донесе предност од 2:1 во 32 минута.

Непосредно пред паузата за 3:1 се погрижи Митровски кој по вторпат на средбата се запиша во листата на стрелците (45+3).

Во второто полувреме нашите фудбалски надежи постигнаа нови три гола, Даци стрелаше за 4:1, па Личина 180 секунди подоцна, Митровски го комплетираше својот хет-трик во 85 минута, а Чурлинов со вториот погодок го постави конечниот епилог.

Квалификации ЕП 2021

Група 6

Македонија-Фарски Острови 7:1
Казахстан-Израел 1:2
Денеска, 19.45 часот Шпанија-Црна Гора

Табела:

1.Казахстан 6 бодови (од 4 натпревари)
2.Македонија 3 (од 1 натпревар)
3.Црна Гора 3 (од 2 натпревари)
4.Израел 3 (од 1 натпревар)
5.Шпанија 3 (од 1 натпревар)
6.Фарски Острови 0 (од три натпревари)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот