Мојот маж Рифет е чудо на манастирот Туман! Докторите ми кажаа дека нема спас, еве го денеска е жив!

Фото: Марко Јовановиќ

Часовникот отчукува пладне и црквените ѕвона ѕвонат во подножјето на голубачките планини. Пред „зафрлениот“ манастир стотина верници чекаат да влезат на молитва. Дошле да побараат чудо од туманскиот свештеник.

Според народните приказни, пред 630 години Милош Обилиќ за време на ловната сезона го ранил Свети Зосим, монах кој дошол да живее во голубачките краеви и да го побара духовниот мир. Милош го однел во својот двор да му ги погледне раните, но монахот едно време извикал: „Тука остави ме и пушти ме да умрам“.

За да му се простат гревовите за убиството, војводата на тоа место започнал да гради манастир. Пред да успее да го заврши градењето на манастирот, војници на кнезот Лазар дошле да го земат и да го однесат во борба. Тие ги кажале зборовите: Тука откажи се од обврските и дојди да идеме во бој против Турците. Наводно така манастирот Туман го добил името.

Фото: ;Марко Јовановиќ

„Ту мани“ изговараат и денешните верници од целиот свет, доагајќи на ова свето место во близина на Голубац, за да ги избркаат најлошите болести за себе и своите најблиски.

– Свети Зосим и Свети Јаков, светители чии мошти почиваат тука, во манастирската црква, имаат голема слобода да го застапуваат народот пред Господ и многу чудни исцелувања се случуваат кај нивните свети мошти. Еве, денеска и вие бевте сведоци дека две скроз различни личности побараа молитва кај светителот и после тоа нивните блиски им се разбудиле од кома. Народот тука доаѓа за тоа што ја препознава силата и славата на Господ на ова свето место, поради личности како Свети Зосим и Свети Јаков. Луѓето навистина тука се наоѓаат себе си и своите најблиски, само ако дојдат со вера. Сте имале бројни случаеви на излечени луѓе од небројани болести, карцином и леукемија – објаснува игуменот на манастирот Димитрије Плечевиќ.

Фото: Марко Јовановиќ

Сузана Кантаревиќ од Словенија тврди дека ја искусила моќта на лекување во овој манастир. Нејзинио маж Рифер пред два месеци тешко се разболел, а докторите му прогнозирале се најлошо.

– Во вторникот вечерта мојот маж доживеа силен срцев удар – инфаркт. Го однесовме во болница, каде беше итно примен на операција, бидејќи срцето беше многу слабо за да издржи уште еден шок. Кога дојдовме на посета тој лежеше на интезивна нега скоро мртов. Едноставно заробен во апарати за кома. Тогаш ми кажаа дека му вградиле три бајпаса и дека му е расечена целата нога и од неа е извадена вена, 35 сантиметри коска и дека неговиот орган воопшто не е во фукција.

Следните денови, ситуацијата како што кажува Сузана се влошувала. На Рифет понаа да му откажуваат бубрезите и беше само прашање на време кога докторите ќе ја соопштат најлошата вест.

Фото: Инстаграм

– Во тој момент мислев само дека ќе паднам во несвест. Не знаев ништо, само им кажав на децата: „Водете ме дома“. Кога дојдов дома, на памет ми падна да се јавам во манастирот и да ги замолам да прочитаат молитва за мојот сопруг. Господ е со нас, сите ќе бидат во ред. Утрешниот ден кога се јавив во болницата кај 10 наутро, ми кажаа дека Рафет јаде. Јас прашав: „Што јаде?“. Па, вели „ручек“.

– Како може да јаде, кога до вчера беше неподвижен? Кажува: Се е во најдобар ред, тој ни помага во замотувањето појаси“. Јас се насмеав и кажав: Дали со мене нешто не е во ред или со нив?“ Дали е тоа истиот Рифет? Кога кај 14 часот заминав во болицата, докторот ми потврди дека мојот сопруг се опоравува. „Госпоѓо, со вашиот маж е се во ред. Бубрезите работаат, се е во најдобар ред – ми кажа докторот. Јас од среќа вреснав и го гушнав докторот. Убедена сум дека молитвата на монасите ги спасија Рифет, кој инаку е од друга вера – смета Сузана.

Дека нејзиниот случај не е единствен, потврдува и игуменот Димитрија. Сепак, тој наведува дека манстирот Туман нема моќ да лечи луѓе.

Лечењето припаѓа на медицината. Луѓето тука, но не само тука, туку и на секое место од својот живот, каде и да го бараат и го наоѓаат Господ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот