„Модерна“ ќе испорача до 125 милиони дози од вакцината во првиот квартал од 2021 година

Зграда на фирмата Модерна/ Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Американската фармацевтска компанија „Модерна” соопшти дека очекува во првиот квартал од 2021 година да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози експериментална вакцина против Ковид-19.

Компанијата наведе дека 85 до 100 милиони дози вакцина ќе бидат достапни во САД, а 15 до 25 милиони надвор од земјата.

„Модерна” планира следната година да произведе меѓу 500 и една милијарда дози вакцина за целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот