Навивачки групи отстранувале ленти од венците од бугарски претставници положени на гробот на Гоце Делчев

По повод одбележувањето на 150-годишниот јубилеј од раѓањето на Гоце Делчев/ Фото: МИА

Министерството за надворешни работи остро го осудува вандалскиот и немил инцидент кој се случи на денот на обележувањето на 150-годишнината од раѓањето на нашиот најистакнат револуционер Гоце Делчев, кој беше извршен од членови на навивачки групи, кои на нецивилизиран начин ги отстрануваа лентите од венците кои беа положени од страна на бугарските официјални претставници за време на оддавањето почит на гробот на Гоце Делчев, соопшти вечерва МНР.

– За овој настан, Министерството за надворешни работи официјално ја извести Република Бугарија дека надлежните институции на Северна Македонија веќе ги презедоа сите потребни чекори и постапки со цел откривање на сторителите на овој немил инцидент, преку кој се прави обид да се фрли сенка на обележувањето и чествувањето на смртта на Гоце Делчев, на неговиот гроб, но и на угледот на нашата држава и на делегациите од Бугарија кои учествуваа на овој свечен чин на чествување на оваа голема историска личност, значајна за сите нас, велат од МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот