Мнозинството хоспитализирани и починати во Грција се невакцинирани

Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Од почетокот на епидемијата, во земјата има 413.954 заразени и 12.381 смртен случај. 

Од хоспитализираните и починатите од Ковид-19 во Грција во изминатата седмица, 92 односно 98 отсто не успеале да ја завршат вакцинацијата, рече професорката и членка на Комисијата на епидемиолози Вана Папаевангелу на денешната редовна прес конференција за епидемијата во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

-Мнозинството од хоспитализираните се невакцинирани луѓе. Индикативно сакам да споменам дека според регистарот на ковид пациенти, во изминатата седмица, односно од 31 мај до 6 јуни, испитувајќи ги податоците за пациентите на над 65 годишна возраст, забележавме дека 92 отсто од ние кои беше потребно да се хоспитализираат и 98 проценти од починатите од коронавирусот се лица кои не успеаја да ја завршат нивната вакцинација. Мислам дека бројките говорат сами, истакна Папаевангелу.

Професорката објасни дека епидемиолошката слика во земјата се подобрува, бројот на нови случаи е во просек под 1.000 дневно, намален е на 2,3 отсто процентот на позитивни случаи во однос на направени тестови, а хоспитализирани се 1.700 лица.

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 791 нов случај од 13.650 ПЦР и 28.453 рапид тестови, починаа 11 лица, а 375 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата, во земјата има 413.954 заразени и 12.381 смртен случај. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот