Многубројните бенефиции на платежните картички
Различниот избор и различните придобивки кои се добиваат со користењето на картичките се она што на секој потенцијален корисник му е најважно. Приоритетот е секогаш ефикасна и брза услуга, достапност и можност за проверка на личните средства во секое време.
Во исто време, важни се и другите предности кои ги нудат картичките како кредитен лимит, минимален износ на месечно враќање, каматна стапка и се разбира дополнителните пакети на можности кои клиентот ги добива со картичките.
Во Халкбанк АД Скопје, постојат различни видови на платежни картички за сечиј вкус и џеб.
Со Mastercard Contactless дебитната картичка на Халкбанк АД Скопје добивате можност за повлекување готовина од секој банкомат во земјата без провизија. Оваа привилегија претставува навистина олеснителна околност за клиентите кои не се ограничени да бараат банкомат на банката во која ја имаат подигнато картичката за да повлечат готовина.
Visa Platinum дебитната картичка нуди можност за клиентите да подигнуваат готовина без надомест во странство, односно од над 1,9 милиони банкомати низ светот. Корисниците на оваа картичка добиваат и СМС инфо без надомес, електронско банкарство и М-банкарство – без еднократен надомест за ЛИБ токен и без месечно одржување, како и Lounge Key Пристап во над 850 аеродроми низ светот.
Најважната придобивка што Халкбанк АД Скопје ја овозможува за своите клиенти корисници на платежните картички VISA Platinum, VISA Gold или Mastercard World е членство во Премиум клубот на Банката. Овој програм е уникатен и е еден од поинтересните во Халкбанк АД Скопје. Тој претставува можност за поголема вредност за клиентите на банката, но и дополнителни попусти и бенефиции на единствени продажни места во соработка со партнерите на банката.
Златната Visa Gold картичка на банката која е исто така член на премиум клубот овозможува поголема куповна моќ за клиентот, минимален месечен износ за враќање на средства од само 3%, кој понатаму може повторно да се користи, како и можност за подигнување готовина без провизија од банкоматите на Халкбанк АД Скопје.
Но, како и секогаш, Халкбанк покрај стандардните придобивки обезбедува и дополнителни уникатни придобивки за своите клиенти, бидејќи како што вели мотото на банката “Важни се луѓето”. Како корисник на Visa Gold картичката клиентите добиват и 4% поврат со Халкбанк и booking.com и можност да уживаат во привилегиите при патувањето со Visa Gold картичката:
https://www.myvisaluxuryhotels.com
http://www.visasoutheasteurope.com
Уште еден вид на картичка која е исто така член на Премиум клубот е Mastercard World Contactless картичката со која станувате дел и од Mastercard Platinum клубот каде имате можност да ги користите сите привилегии и бенефиции кои ги нуди клубот на Mastercard.
Халкбанк АД Скопје овозможува посебен третман за клиентите корисници на Mastercard World картичката во над 800 аеродроми насекаде во светот користејќи ги привилегиите на Lounge Key програмата.
Преку сите овие примери, укажуваме на различните можности и покритија за вашите потреби кои Банката секојдневно се стреми да ги обезбеди за своите клиенти, притоа давајќи им подеднакво внимание и значење на сите корисници, уважувајќи ги нивните барања и создавање прилики за одлична соработка.