Младоженец од Карловац со писмо до властите: Каква е таа свадба која трае до полноќ и на која не е дозволено да се игра?

Фото: Wavebreak Media LTD / Wavebreak / Profimedia

Младоженец од Карловац упати писмо до надлежните власти со прашање дали тие знаат која е таа свадба која трае до полноќ и на која не смее да се игра, како реакција на новодонесените мерки во Хрватска во однос на свадби и веселби.

Тој го упатил мејлот на три адреси, на Штабот за граѓанска безбедност во Карловац, хрватскиот завод за јавно здравство и Центарот 112, пишува локалниот КАпортал од Карловац.

„Се женам овој викенд и ги читам вашите новодонесени мерки за свадби. Искрено мене ме интересира дали некој од вас воопшто бил барем на една свадба, каква е таа свадба која трае до полноќ и на која не е дозволено да се игра“, го започна своето обраќање младоженецот кој утре се жени.

Тој пишува дека веќе имаат поставено шатор позади куќата за прием на гости, а откри и дека било купено цвеќе, нарачана храна и пијалоци.

„Ве молам, кој ќе ги подмири тие трошоци, бидејќи со вашите мерки можеме се тоа да фрлиме, пишува младоженецот и додава дека 60 отсто од гостите му откажале присуство.

„Ве молам за здрав разум, бидејќи сите психички ќе се разболиме“, напиша младоженецот, а пренесува Индекс.хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот