Младите Американци прават коронавирус забави: Кој прв ќе се зарази со ковид-19 добива награда (ВИДЕО)

epa07698315 Festival-goers take part in a silent disco during the 53rd Montreux Jazz Festival (MJF) in Montreux, Switzerland, 05 July 2019. The MJF runs from 28 June to 13 July 2019 and features 450 concerts. EPA-EFE/GABRIEL MONNET EDITORIAL USE ONLY

Градските власти спроведуваат истрага за овие наводи и работат на откривањето на таквите забави.

Некои млади луѓе во Алабама организираат коронавирус забави, односно се натпреваруваат кој прв ќе се зарази од ковид-19 по дружењето со заразени. Оној кој прв ќе се зарази, добива пари.

„Забавите се одржуваат во Тускалуса, а домаќините повикуваат заразени лица за да можат другите намерно да добијат вирус. Прво мислевме дека се работи за гласини. Потоа покренавме истрага и откривме дека овие информации ги потврдуваат лекарите, но и државните институции, изјави членката на Градскиот совет Соња Мекинстри за CNN.

Награда – парите од влезниците

„Првото лице на кого лекар ќе му потврди дека добило ковид-19 ги освојува парите собрани од влезниците за забавата. Во последните неколку недели во градот и во околината се одржани неколку такви собири“, додаде таа.

„Бесна сум поради тоа. Поради фактот што нешто толку сериозно и смртоносно се зема како шега. Не само што овие млади луѓе се неодговорно кон себе, туку тие можат да ги загрозат животите на нивните родители, дедовци и баби“, рече Мекинстри.

Градските власти спроведуваат истрага за овие наводи и работат на откривањето на таквите забави.

Во американската сојузна држава Алабама досега се забележани 39.000 случаи на зараза од коронавирус и речиси 1.000 смртни случаи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот