Младата Јана Атанасовска испиша нова историја во македонското скијање

Фото: Jana Atanasovska/fb

Македонската скијачка надеж Јана Атанасовска го подобри сопствениот рекорд од минатата сезона и запиша нов најдобар успех во историјата на македонското женско скијање.

На првата ФИС Слалом трка на 18-ти декември во Хохфуген, Австрија Атанасовска освои 51.70 ФИС точки и постави најдобар личен успех во досегашната скијачка кариера. Во второто возење заостана 0.33 стотинки зад првопласираната Ноа Шолос која и учесничка на Европскиот и Светскиот куп.

На трката пак која се одржа на 20-ти декември Атанасовска освои 47.90 ФИС точки и така го запиша своето име со златни букви во историјата на македонското скијање. Второто возење го заврши со задоцнување од само 1.02 секунди зад Лила Лапања од Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот