Митоловка и Митовник: Урбана акција против стаорците на општеството

Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Митоловката претставува ново и многу ефикасно средство за борба против корупцијата во Македонија.

Со оглед дека корупцијата го разјадува нашето општество, ја уништува нашата иднина и ги богати нашите политичари, олигарси и кој уште не, решивме да ja креираме oваа ефикасна алатка за борба против корупцијата, велат креаторите на урбаната акција што дел од проектот Артиватор на Центарот за современи уметности.

При развојот на Митоловката (мишоловката) тргнавме од фактот дека всушност примачите односно оние кои бараат мито се стаорци на општеството, и согласно репликата од култниот македонски филм „Среќна нова 49та” решивме на стаорците на општеството да удриме со стаорски средства. Се надеваме дека граѓаните како и странските претставници (кои се единствените во кои граѓаните имаат доверба) ќе ги увидат бројните предности на митоловката и ќе ја употребуваат се додека и последниот стаорец не го напушти ли не биде уловен на бродот Македонија, велат од Центарот за современи уметности.

Заедно со митоловката како прирачник за поставување мамки (колку мамка да се стави за одреден тип стаорец) денес го промовираме и митовникот, во кој на директен и сликовит начин се дадени упатствата.

Митовник (фото: Центар за современи уметности)

Со оваа акција Центарот за современи уметности се приклучува на одбележувањето на 9ти декември – Светскиот ден за борба против корупцијата.

Акцијата е поддржана од Фондацијата отворено општество Македонија.

Погледнете ја галеријата:

Фото: Слободен печат – Драган Митрески
Фото: Слободен печат – Драган Митрески
Фото: Слободен печат – Драган Митрески
Фото: Слободен печат – Драган Митрески
Фото: Слободен печат – Драган Митрески
Фото: Слободен печат – Драган Митрески
Фото: Слободен печат – Драган Митрески

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот