Мистерија „Саул“: Што ќе се дознае за три дена!? (ФОТО)

фото: твитер

Ова доаѓа после неколку недели шпекулации поврзани со трансфер на одличниот играч за врска во редовите на Манчестер јунајтед…

Еден од најлојалните фудбалери на Атлетико Мадрид, Саул Њигез на својот профил на Твитер објави една порака која ја збуни шпанската, но и пошироката јавност.

Нов клуб. Ќе објавам за три дена – напиша 25-годишниот Њигез на Твитер.

Ова доаѓа после неколку недели шпекулации поврзани со трансфер на одличниот играч за врска во редовите на Манчестер јунајтед кој долг период ја следи ситуацијата со фудбалерот.

„Црвените ѓаволи“ полека, но сигурно се збогуваат со Пол Погба, јасно е дека неуморниот Саул би бил и повеќе од соодветна замена за Французинот.

Но, на крајот после ваквите мистериозни најави, на крајот излегува дека е нешто друго, а и тешко е да се поверува дека можно е Саул да направи трансфер евентуално на „Олд Трафорд“, со оглед на неговиот договор кој го има со „јорганџиите“ до 30 јуни 2026 година.

Засега, се даваат најдобри шанси дека ова е само најава за некој спонзорски договор, со нов „еспорт“ клуб во „ФИФА“ или „ПЕС“.

Останува само да почекаме и да видиме – без сомнение Саул моментно има само еден клуб во своето срце, а тоа е Атлетико Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот