Мишел: ЕУ жали поради одлуката на Кина за усвојување на законот за Хонгконг

Европската унија изрази незадоволство поради денешната едногласна одлука на кинескиот Парламент да го усвои законот за национална безбедност за Хонгконг.

– Жалиме поради ваквата одлуката на Кина, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел за време на видео разговорот со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен истакна дека ЕУ внимателно ќе разгледа како да одговори на кинеската одлука.

Хонгконг во 1997 година е вратен под кинеска управа според принципот „една земја, два система”, со кој е гарантиран повисок степен на автономија отколку во останатиот дел на Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот