Мишел Барние влегува во трката за претседател на Франција

Мишел Барние/Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Поранешниот еврокомесар и водечки европски преговарач за исход на Брегзит, Мишел Барние, се вклучува во претседателската трка во Франција. Човекот кој на свои плеќи ги износе тешките преговори за Брегзит, во февруари годинава ја формираше групата наречена „Патриот и Европеец” околу која ги собера своите истомисленици. Групата беше официјално промовирана за време на состанокот на пратениците и сенаторите на конзервативата партија „Републиканци” во Националното собрание, на кои од крајот на март над глава им стојат мношто идеи за различни политички прашања.

Барние е четвртиот политичар на десницата, кој ре реши да му се спротивстави на актуелниот претседател Емануел Макрон на изборите следната година.

-Многу е важно да се обединат десницата и центарот. Под ​​контрола да ја ставиме имиграцијата, да ја вратиме почитта кон работата во срцето на нашето општество и да се декарбонизира нашата економија, рече поранешниот еврокомесар Мишел Барние, кој се смета за еден од најспособните политички фигури на десницата – проевропееци бранителот на Франција во Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот