Мисајловски најави интерпелација за Николовски и Маричиќ

Македонија со Зоран Заев падна на 111 место на листата на корупција на Транспаренси, убедливо најлошо досега, а состојбата со корупцијата е полоша и од Косово, Танзанија, Гамбија и Белорусија! Ова е пад од цели 45 места само во годините на управувањето и на лажните реформи на правниот систем на Заев, обвини вчера потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на прес-конференција. Тој рече дека партизираната администрација, политизираното обвинителство и заробенотото судство го испорачале својот данок и дека Македонија е земја која од светот е гледана како црна дупка во Европа, точка на криминал, рекет, мито и корупција.

– Повеќе од година дена немаме разрешница за најголемата рекетарска афера во Европа. Бојан Јовановски, кој сите го видовме со полна торба пари, во судница кажа дека парите од рекетот да се бараат кај Зоран и Вице Заеви, а обвинителството не ги повика ниту на распитување. Сите го видовме Ден Дончев, како трпа туциња пари во торба, а ЈО требаше барем да започне истрага каде завршија парите. Целата јавност слушна како контроверзниот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака, кажува дека му дал 300.000 евра на Заев и дека дал ветување за маркица за бензинска, како и дополнителни .2000 метри квадратни простор во комплексот кој ќе го гради на местото на ШИК ЈЕЛАК, а случај повторно нема. Обвинителството и тука молчи. А обвинителството молчи и за Леонардо, каде слушнавме како власта си договара аванта, во случај каде што имаше скроена постапка за набавување на изнајмување на хеликоптерски систем по екстремни високи цени. Во земја каде функционери се однесуваат како мафијаши и за тоа поминуваат неказнето, не може да дојде ниту еден странски инвеститор, напротив сите тие ќе бегаат подалеку – рече Мисајловски.

Тој додаде дека црвениот аларм е вклучен и побара оставки од вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација во Собранието за Љупчо Николовски и за Бојан Маричиќ. Оставки веднаш. Одговорност веднаш – рече Мисајловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот