Мисајловски го демантира Груби: Не сме се сретнале околу „Бехтел и Енка“

Владо Мисајловски / Фото: архива

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, во денешното гостување во „10 Минути“ на ТВ21 го демантираше вицепремиерот Артан Груби околу неговото тврдење дека се сретнале во врска со „Бехтел и Енка“.

Мисајловски вели дека таква средба немало.

-Не сме имале таква средба, средби во минатото сме имале на различни тематики, но за „Бехтел и Енка“ немало, вели Мисајловски.

Груби вчера изјави дека се сретнал со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за транспорт и врски.

-Тој исто така се сретна и со претставниците на „Бехтел и Енка“. Јас исто така се сретнав и со Владо Мисајловски, поранешен министер за транспорт и врски. Со Александар Николовски во врска со специјалниот закон и другите законски измени. Сите се согласија дека се потребни и дека имаат нивни предлози за подобрување на законските решенија, но никогаш не ни ги доставија, рече Груби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот