Министерот за земјоделство: Брисел не најави блокада на парите од ИПАРД
Брисел нема најава за блокада на средствата од програмата ИПАРД (Инструмент за претпристапна помош за рурален развој) коишто ги користиме како држава, тврди министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Препорачано
„Напротив, нашата борба против корупцијата која што ја водиме во моментов и дополнителните проверки, коишто ги правиме во самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, се силно пофалени од страна на Брисел. Она што веднаш по сознанието, односно акцијата која што ја спроведе Министерството за внатрешни работи и Обвинителството, преземени се дополнителни активности со цел да се провери работењето на самата Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Ќе се преземат одредени активности во делот на контролните механизми, во делот на исплатата на ИПАРД средствата“ посочи тој.
Министерот Трипуновски најави дека наскоро ќе биде именуван нов директор на Агенцијата за да се обезбеди непречено функционирање, откако поранешниот министер Љупчо Николовски соопшти дека Владата добила известување за суспензија на програмата ИПАРД 3.
ВИДЕО | Николовски: ИПАРД програмата стопирана, власта молчи – илјадници земјоделци без исплата


