Минатата година Модриќ, а сега признанието во рацете на Роналдо!

EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Португалскиот играч на Јувентус, Кристијано Роналдо е добитник на наградата „Голден Фут“ за 2020 година. Тоа е признание кое се доделува еднаш годишно за играчи кои „се истакнуваат со извонредни индивидуални и тимски перформанси и личност“.

Посебна карактеристика на наградата е тоа што сите кандидати за неа мора да имаат најмалку 28 години, а можно е да се освои само еднаш во нивната кариера. Кандидатите ги избираат и гласаат спортски новинари ширум светот.

Заедно со Роналдо, годинава беа номинирани Лионел Меси, Роберт Левандовски, Џорџо Кјелини, Нејмар, Серхио Рамос, Серхио Агуеро, Жерар Пике, Мохамед Салах и Артуро Видал.

Интересен е податокот што оваа награда до сега не ја освоил еден од најдобрите во фудбалската игра, членот на Барселона, Меси а сега Роналдо ја „наследи“ истата од Лука Модриќ кој ја освои минатата година.

Претходни добитници на признанието кое се доделува од 2003 година, се Роберто Баџо, Павел Недвед, Андриј Шевченко, Роналдо, Алесандро Дел Пјеро, Роберто Карлос, Роналдињо, Франческо Тоти, Рајан Гигс, Златан Ибрахимовиќ, Дидие Дрогба, Андрес Иниеста, Самуел Ето, Џанлуџи Буфон, Икер Касиљас, Единсон Кавани и Лука Модриќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот