Минатата година „бебешки бонус” во општина Маврово и Ростуше добиле 27 бебиња, исплатата продолжува и годинава

Општина Маврово и Ростуше и годинава ќе исплаќа еднократен паричен надоместок, за секое новороденче, што е шеста година по ред.

Во текот на минатата година, доделивме 27 ваучери, односно еднократен паричен надоместок, во износ од по 5.000 денари за новородени деца. Споредено со претходната година е за 7 ваучери повеќе. Ваучери за новороденчиња ќе доделуваме и годинава, изјави Букурија Беќири, раководител на одделението за човечки ресурси во општината.

Бебешки бонус општината доделува врз основа на едногласно донесената одлука на Советот на општината во рамки на Програмата за здравствена, социјална и детска заштита.

Од 2018 година кога почна да се применува одлуката доделени се 159 ваучери зашто се потрошени средства во вкупен износ од 795.000 денари.

Бебешки бонус се доделува само за новороденчиња на семејства кои живеат постојано на територијата на општината Маврово и Ростуше но не и на семејствата кои потекнуваат од овој крај а живеат и работат во странство или во друга општина во државава, додава Беќири.

Општината Маврово и Ростуше опфаќа 35 населени места, дел од нив се целосно иселени а согласно последниот попис од 2021 година има вкупно население од 5.042 наспроти 8.618 жители според пописот од 2002 година.

Пред миграцискиот бран кој општината ја зафати по деведесеттите години од минатиот век бројот на населението бил многу поголем. Една цела ако не и побројна заедница на жители од оваа општина се во Германија, Швајцарија и Италија. Дел од поранешните жители на оваа општина мигрирале и во Гостивар, Тетово и Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот