Мило Ѓукановиќ го жени синот единец: Свадбената веселба е закажана за на Свети Стефан (ФОТО)

Мило Ѓукановиќ

Блажо Ѓукановиќ, синот на претседателот на Црна Гора и демократската партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ, закажал венчавка на 21 септември во хотелскиот комплекс Свети Стефан.

Како што пишуваат црногорските медиуми, семејството Ѓукановиќ подготвува гала венчавка на својот единствен син.

Мило Ѓукановиќ

Foto Zoran Djuric

Младиот Ѓукановиќ наводно планира да се жени во Милочерски парк со кој управува компанијата „Adritic properties“, на грчкиот бизнисмен Петрос Статиса, близок пријател на шефот на државата и партијата.

За деталите на свадбената прослава се знае малку, помеѓу останатото и кој од музичките ѕвезди ќе ги забавуваат гостите.

Блажо Ѓукановиќ со години успешно се занимава со бизнисот во секторот на енергетиката и неговите две компании имаат милионски профити. Синот на претседателот влегол во бизнисот на изградба на мини-хидроелектрани и водовод на подрачјето на колашинска општина каде започнал изградба на две хидро централи.

Во сето тоа имал поддршка од чичко му Аца Ѓукановиќ, но и татко му во времето кога беше премиер на Црна Гора.

Инаку пред пет години во истиот комплекс свадба правеше и тенисерскиот ас Новак Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот