„Милионерите“ ја одбија новата понуда на Јунајтед, покуса е за 22 милиони евра

EPA-EFE/DANIEL KOPATSCH

Борусија Дортмунд не отстапува од претходно одредената сума за Џејдон Санчо.

Челниците на Борусија Дортмунд ја одбија најновата понуда на Манчестер јунајтед за услугите на Џејдон Санчо која пристигна откако англискиот обезбеди пласман во Лигата на шамионите наредната сезона. Според весникот „Билд“ понудата изнесувала 98 милиони евра и не е сума која ги задоволила апетитите на челниците на Борусија.

Имено, „милионерите“ за еден од своите најдобри фудбалери бараат 120 милиони евра и немаат намера да ја намалат таа сума иако фудбалот е погоден од пандемијата на коронавирусот.

„Билд“ пишува дека се очекува преговорите да продолжат и до крајот на преодиот рок екипите да најдат заеднички јазик по што Џејдон Санчо би се преселил на „Олд трафорд“.

Борусија Дортмунд веќе ја пронајде замената за англискиот репрезентативец, станува збор за фудбалерот на Лил, Џонатан Иконе и се очекува да го реализира трансферот веднаш по продажбата на Санчо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот