Милевски: Се наоѓаме на добар пат да потврдиме зошто сме меѓу 20. најдобри селекции во Европа

Селекторот Благоја Милевски е оптимист пред дуелот со Португалија/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер го игра најважниот натпревар во својата историја против Португалија, а влогот е настап на Светското првенство во Катар што ќе се игра во ноември и декември годинава.

„Рисовите“ во четвртокот со голот на Александар Трајковски во 92 минута ја совладаа Италија во Палермо и добија можност утревечер на стадионот „Драгао“ против Португалија да играат за пласман на СП.
Селекторот Благоја Милевски верува во своите фудбалери дека ќе успеат да обезбедат пласман на Мундијалот.

– Ја победивме Италија, една од најдобрите репрезентации на светот, но нема да застанеме тука кога се наоѓаме на еден чекор до Светското првенство. Се наоѓаме на добар пат да потврдиме зошто сме меѓу 20. најдобри селекции во Европа – изјави Милевски.

Македонија и Португалија досега имаат одиграно само еден натпревар и тоа пријателски во 2012 година во Лисабон и заврши без голови.

– Искрено, ова може да биде од најтешките и највозбудливите натпревари за сите нас. Имаме 90 минути да го реализираме детскиот сон, но не само нашиот туку и сонот на целата нација – рече Елиф Елмас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот