Милевски: Им честитам на момците и за пристапот и за тоа што одвоија 17 дена за да играат за Македонија

Селекторот на фудбалскара репрезентација на Македонија, Благоја Милевски/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Фудбалската репрезентација на Македонија со победа од 4:0 над Гибралтар го заврши јунскиот циклус натпревари во Лигата на нации.

Селекторот Благоја Милевски на прес-конференцијата им се заблагодари на сите фудбалери кои беа дел од репрезентацијата во пеколниот ритам во кој за 10 дена одиграа четири натпревари, а вкупно одвоија 17 дена од својот одмор за Македонија.

– Не го ни знаев резултатот од Тбилиси. Јас не се навраќам на тоа што поминало. Жалам јас и фудбалерите бидејќи не е убаво кога ќе се изгуби таков натпревар. Тие педесетина минути одигравме според мене и еден од најдобрите мечеви. Сепак и тоа не беше доволно и загубивме како што загубивме. Што ќе се случува до крајот на овие натпревари во Лигата на нации ќе видиме. Јас сум задоволен бидејќи момците покажаа пристап кој е за секоја пофалба. Без разлика против кога игра овој тим има максимален респект кон секого, но на терен кон никого. Им честитам на момците на пристапот и желбата за успех. Благодарност до сите кои беа дел од овој камп бидејќи одвоија 17 дена од оној одмор што им припаѓа за да се стават во функција на тимот и државата. Сите што беа дел од овој камп имаат потенцијал. Покажаа дека имаат талент и потенцијал во овој тим. Од нив самите зависи колку ќе се наметнат од игрите во своите клубови. Не сакам да издвојам никого, бидејќи сите ме направија задоволен од пристапот и односот кон тимот – рече Милевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот