Милановиќ: Тоа не е наша војна, таа е на 2.000 километри од нас – кој ќе го надомести тоа што Хрватска ќе и подари 14 хеликоптери на Украина?

EPA-EFE/ANTONIO BAT

Претседателот Зоран Милановиќ, кој беше во Сплит на Економскиот факултет и присуствуваше на седницата на Економски совет, пред новинарите ја коментираше изјавата на премиерот Андреј Пленковиќ кој неколку часа претходно истакна дека е згрозен од отпорот на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, околу обуката на украинските војници во Хрватска, објави ХРТ.

– Јас сум згрозен затоа што тој е крал на крадците, а тој е згрозен што реков дека нема да дозволам Хрватска да биде вовлечена во војна. Тука сум да ја заштитам хрватската младина, изјави Милановиќ.

Нема да дозволам шарлатани и луѓе кои се грижат само за сопствените интереси да ја вовлечат Хрватска во ништо повеќе од минимум коректност и солидарност. Тоа не е наша војна! Така кажа Изетбеговиќ во 92- та година, а војната беше во неговиот двор. Ова не е во нашиот двор, ова е на 2000 километри од нас. Се однесуваме цивилизирано и тоа е се, рече категорично тој.

Тој додаде дека Хрватска, додека тој е врховен командант на вооружените сили, нема да учествува во оваа војна.

Милановиќ праша кој ќе го компензира тоа што Хрватска ќе и подари 14 хеликоптери на Украина.

– Што ќе добиеме за возврат? , додаде Милановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот