Милановиќ: Најкорумпирана хрватска влада е оваа на Пленковиќ

Зоран Милановиќ
Зоран Милановиќ / Фото: Принтскрин/Индекс.тв

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ оцени дека Владата на премиерот Андреј Пленковиќ е најкорумпираната хрватска влада досега, објаснувајќи дека критиките се однесуваат „поради небрежност, незнаење и неспособност на нејзините членови”.

– Пленковиќ штити, кондензира и става во сенка и заштита, категорично луѓе кои се едноставно корумпирани. Не можам тоа да го наречам поинаку, изјави Милановиќ во интервју за „РТЛ Данас”.

Како што се наведува, хрватскиот претседател во таа прилика како пример го навел шефот на кабинетот на премиерот Звонимир Фрко Петешиќ, кој „свесно, лажно го пријавил своето живеалиште”.

– Со целосна свест за незаконитост и забрана и казнување на она што го прави, тој ја ужива заштитата на премиерот, истакна Милановиќ.

Тој го повтори и својот став дека хрватското државно обвинителство (ДОРХ) „не постои” по скандалот со поранешната министерка Габриела Жалац, и повтори дека Хрватска никогаш немала покорумпирана влада, додавајќи дека „овие луѓе го презираат законот”.

Милановиќ уште еднаш нагласи дека нема да ја отстрани ознаката за тајност од своите патувања и рече дека тоа е доверлив податок, бидејќи тој е заштитено лице 24 часа дневно и јавноста не треба да ги знае тие информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот